Не ми паѓа на памет да бегам од државата, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Брисел, одговарајќи но новинарско прашање за прозивките од опозицијата дека едно од решенија за смирување на протестите и блокадите во земјата би било ако тој ја напушти.
Посочи дека се борел за Србија и дека ја подигнал државата и никогаш нема да престане да се бори против оние што ги злоупотребуваат деца, каков што е случајот, според него, со учесниците на демонстрациите низ државата.
„Додека сум жив ќе живеам во Србија. Немам сметки во странство. Немам недвижен имот во странство. Немам ништо, никаде, надвор од Србија. Србија е мојот живот, мое минато, сегашност и иднина. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да го ме надминат во она што го направив“, рече тој.
Уште еднаш категорично посочи дека никогаш нема да избега од државата.
„Да бегам, затоа што ја подигнав Србија, затоа што не сум украл ништо? Никогаш нема да го сторам тоа“, вели српскиот претседател.