Не ме интересира политика, вели Арсовска

by Fokus

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска вели дека не сака да навлегува во политички пресметки откако беше прашана зошто требало да се чека на ова што се случува со ВМРО-ДПМНЕ за да се знае дека именуваните директори не си ја вршеле работата како што треба,

– Сметам дека ова е многу комплицирана ситуација и не би сакала да влегувам во политички пресметки. За мене единствен интерес е интересот на граѓаните и јас ќе продолжам да работам онака како што сум работела досега.

Што се однесува до политичките чинители во државата дали тие и во која мера ќе одлучат да ги поддржат овие политики тоа оставам на нивната совест, на она што им е дадено како мандат од страна на граѓаните да ги поддржат проектите коишто граѓаните ги избрале на овие избори, вели таа подвлекувајќи дека треба да се реализираат проектите од нивен интерес и да се превенира секаква можност на саботажа и злоупотреба“ вели Арсовска.

Поврзани новости