Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева, реагира дека вчера заедно со други верници била избркана од Соборниот храм со зборовите – „Ајде, тргајте се од тука“.
На социјалните мрежи таа објави за непријатното искуство, појаснувајќи дека никаде во светот не наишла на затворени врати во црква за време на празник.
-Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот. На нашиот најголем празник. Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите: „Ајде тргајте се од тука”.
„На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала. А се жалат дека се намалил бројот на верници. Срамота за црквата, греота за луѓето“ – напиша Грчева.
Црквата Свети Климент Охридски во Скопје, наречена Соборен храм, е најголемата катедрала на МПЦ. На страницата на храмот е наведено дека работното време е секој ден од 8 до 20 часот.
Под објавата на Грчева, голем број на верници и дадоа поддршка, а чести беа и реакциите дека само неколку минути откако ќе запалеле свеќи, истите биле гасени од страна на црковни службеници, наместо да догорат сами.
Вики Клинчарова