406
Во текот на вчерашната вечер, неколку лица во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир. Откако не им бил дозволен влез во клуб, тие почнале да фрлаат со шишиња и чаши кон обезбедувањето и вработените.
„На 20.12.2018 година е пријавено дека во катна гаража „Солунски Конгрес“, во која се наоѓа ноќен клуб, на 19.12.2018 година околу 23,00 часот неколку лица, под дејство на алкохол, го нарушиле јавниот ред и мир, поради тоа што на истите не им бил дозволен влез во ноќниот клуб при што започнале да фрлаат шишиња и чаши кон вработените во обезбедувањето на објектот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.