Не го враќај тоа шише во вода без да знаеш каква порака крие, далеку сме ние! Само вистина не дели, на ништо друго не се надевам- е дел од рефренот на новата балада на поп пејачот Ламбе Алабаковски.
Музичарот ја промовираше новата песна ,,На чекор од брегот” и видео запис за истата на музичкиот канал Јутјуб. За истата музиката ја напишал Александар Тарабунов, а пак текстот е на Зоран Стојановски.
Алабаковски, кој неодамна се врати од Америка и сега живее со сопругата и синовите во Битола, изминатиот период стана еден од најангажираните музичари во земјава. Гостин е на многу општински манифестации, но и во ноќни клубови.
По настанот со потпалувањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола, поради кој моментално му е одземен пасошот, Ламбе со полно темпо се враќа на музичката кариера.
Како што самиот раскажа пред неколку месеци, кога се врати од Америка, сакал да го продолжи животот во Македонија и да се посвети на музиката.
Вики Клинчарова