Не го минаа драфтот, но синовите на Шекил и Пипен потпишаа за Лејкерс

by Фокус

Лос Анџелес Лејкерс потпиша договори со синовите на две НБА легенди – Шекил О’Нил и Скоти Пипен, кои ќе добијат наследници во најсилната кошаркарска лига во светот.

Шариф О’Нил ќе игра за поранешниот клуб на својот татко во НБА летната лига, а Скоти Пипен џуниор потпиша двегодишен дoговор со Лејкерси после овогодишниот НБА драфт.

Синот на О’Нил тренираше со Лејкерси пред драфтот, но не беше избран, па кошаркарот висок 211 сантиметри потпиша со Лејкерси и покрај советите на татко му уште една сезона да одигра за ЛСУ (Универзитетот Лузијана).

-Роден сум во овој тим, мојот татко и Коби освојуваа титули кога се родив, а сега јас ја облеков опремата на Лејкерс. Немам зборови. Зборот притисок го нема во мојот речник. Притисокот прави дијаманти, а мислам дека јас и татко ми имаме потполно друга приказна. Тој беше прв пик на драфтот, а јас морав да поминам многу работи за да стигнам овде – изјави младиот О’Нил.

Синот на Пипен може да игра за НБА тимот на Лејкерс, но и за тимот кој се натпреварува во Г лигата. 21-годишниот кошаркар не беше избран на драфтот по настапот за Универзитетот Вандербилт каде имаше просек од 20 поени и 4,5 асистенции по меч. И покрај добрата статистика, младиот Пипен не е избран поради висината, а скаутите се сомневаат во неговите атлетски способности.

Инаку, на НБА-драфтот Орландо го избра денеска кошаркарот на Универзитетот Дјук, Паоло Банкеро, како прв на церемонијата во Бруклин. Банкеро минатата сезона во дресот на Дјук имаше просек од 17 поени, 7.8 скокови и 3.2 асистенции.

 

Поврзани новости