Не фрлајте петарди, туку бомби – гаф на словенечката полиција

by fokus

Предупредувањата за опасност од пиротехника во деновите пред дочекот на Новата година се вообичаени, а Словенците деновиве беа изненадени од објавата од страна на Армијата на Словенија, во која беа повикани да ги заменат петардите со бомби.

По критиките од јавноста за поканата до младите кои се заинтересирани за доброволно служење во словенечката армија бизарната порака беше повлечена по три дена.

-Не фрлајте петарди! Пријавете се за доброволно служење во армијата, активирајте експлозив и фрлете бомба“, беше пораката објавена на фејсбук на профилот на армијата на Словенија, а утрово беше симната од социјалните мрежи.

Поврзани новости