Не е точно дека Македонија е со највисока стапка на смртност од Ковид19, тврди Филипче

by Fokus

Не е точно дека Македонија е со највисока стапка на смртност од ковид-19 во регионот, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Иако, заклучно со денешниот ден, во земјава има 53 смртни случаи на милион жители, Филипче вели дека стапката на смртност не се пресметува на тој начин, туку соодветно на вкупната бројка на заразени. Исто така, како што посочува, речиси една петтина од смртните случаи на пациенти заразени со коронавирус се утврдени постсмртно, што, како што вели, досега не го применува ниту една земја. Кога ќе се исклучат тие случаи, како што вели министерот, стапката на смртност е уште пониска.

„Смртноста од ковид-19 во земјава не е највисока во регионот. Таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени. Има земји кои имаат повисока смртност од нашата, мислам Словенија, според тоа како се пресметува стапката. Освен тоа, од над сто починати, 22 случи на ковид-19 се дијагностицирани постмортем. Тоа не го прави никој досега. Ние ја презедовме и таа мерка, за да имаме појасна слика за ситуацијата со ковид-19 и да може да се анализираат контактите на блиските на починатите што биле заразени со коронавирус. Кога ќе ја извадиме таа бројка на постмортем дијагностицирани случаи, стапката на смртност е уште пониска“, објаснува Филипче.

Поврзани новости