Податоците објавени во книгата ,,Интелигенцијата на нациите” според кои коефициентот на интелигенција на национално ниво во Македонија е 82 бода и сме на најниско место во регионот, предизвикаа низа на реакции во јавноста.
Додека дел од народот коментира на социјалните мрежи како и не ни очекувале повисок резултат, со оглед на начинот на кој се живее кај нас, има и такви кои се скептици во врска со прикажаните резултати и тврдат дека сепак, интелигенцијата на нашата нација е на повисоко ниво, а објавените податоци – нерегуларни.
Што всушност значи IQ? Тоа е вкупен резултат добиен од стандаризирани тестови, со цел да ја проценат човечката интелигенција.
Според бодувањето, најчестите резултати кои се добиваат при тестирањето се движат од 80 до 140. Во голем број на развиени земји од коефициентот на интелигенција во голема мера зависи и тоа, какво работно место може да добие кандидатот.
Според истражувањата на Пол Којманс, дизајнер на тестови за интелигенција од Холандија, резултатите од 80 до 89, значат дека овие лица се над прагот на нормално независно функционирање. Можат да вршат рутински експлицитни и практични работи беа надзор, се додека нема моменти да се направи некаков избор.
Но, исто така, според Којманс, овој опсег на IQ бил најмногу поврзан со насилство.
Повеќето случаеви од насилен криминал биле извршени од мажи од оваа група, но сепак тоа не значело дека сите мажи со коефициент од 80 до 89 се насилни.
-Кога степенот на IQ на едно општество или население се зголемува нагоре од овој опсег, насилството се намалува, со тоа што помал број мажи спаѓаат во овој опсег. Каузалниот механизам зад (статистичката) врска помеѓу криминалот и под просечниот IQ е веројатно дека лицата со понизок IQ по природа имаат тенденција да одат со помалку контрола на импулсот, помалку способни да го одложат задоволството, да бидат помалку способни да ги разберат моралните принципи и да бидат преоптоварени од когнитивните барања на општеството.
И, ова е опсегот во кој мажите од просечна или само над просечната интелигенција тонат кога се под дејство на алкохол; алкохолот го намалува IQ од околу 25 поени додека пијат, што објаснува зошто многу пијани мажи се насилни и агресивни – пишува Којманс во своите истражувања.
https://paulcooijmans.com/intelligence/iq_ranges.html
Според истражувања спроведени во САД, лицата со IQ од 82 бода, најчесто годишно заработувале околу 43.000 долари, и не можеле да добијат работно место каде што се бара извршување на комплицирани и комбинирани работни чекори, со цел да се дојде до успешно решение на работната задача.
Вики Клинчарова