„Не е некоја солидна работа со која може човек да се пофали“, вели Кирацовски чиј дедо е вработен во ЕЛЕМ

by fokus

Вработувањата во ЕЛЕМ на роднини и блиски на партиски и државни функционери не сопираат. Овојпат и таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ.

Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој тврди дека Поповск е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.

„Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови. Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек“ – изјави Кирацовски.

Од ЕЛЕМ потврдија дека лицето Борче Поповски е вработено во ЕЛЕМ во ФОД ДООЕЛ – Новаци.

Поврзани новости