693
Новиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со германската министерка за Европа, Ана Лирман порача дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија.
„И досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на било која наша соседна држава, тоа ни е и обврска од Уставот.секоја група на луѓе, етничка заедница, политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и слободи и Европската конвенција за човекови права и слободи“, истакна Маричиќ.