Не два, туку десет милиони денари украле газди од работниците, Владата најави дека јавно ќе ги објави

by fokus

Не два, туку 10 милиони денари украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците – тврдат за „Телма“ владини извори. Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават. А меѓу нив има и еден медиум.

УЈП првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони денари, но податоците до кои дојде Телма покажуваат дека расте и сумата, но и бројот на компании кои чии газди државните пари за исплата на минималец за работниците си ги ставале во џеб. А по бурните реакции во јавноста Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите. Па така покрај тоа што ќе ги вратат парите за плати кои ги зедоа од државата и тоа со камати, ќе заработат и парични казни, а може да завршат и во затвор од 1 до 10 години.

-ГИ ЧЕКАМЕ ПОДАТОЦИТЕ ОД УЈП ПО ШТО ЈАВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ ИМИЊАТА НА КОМПАНИТЕ КОИ НЕ ГИ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ ГИ ДОБИЈА ОД ДРЖАВАТА. ЌЕ ПОБАРАМЕ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА УТВДУВАЊЕ НА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ПРОТИВ ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА ВО КОМАПНИИТЕ, ИЗЈАВИ ЗА „ТЕЛМА“  РАШКОВСКИ.

Поврзани новости