270
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во одговор на прашање од Драган Ковачки му реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дека тој не дошол на денешното рочиште на спорот што таа го има против него а кој се однесува за негови клевети.
„Се наместивте вие, затоа денеска не дојдовте на рочиштето за клеветата што ја нанесовте. Зарем адвокатот не ве извести? Сабајлево имавме рочиште за клеветата. Бегате од доказите, немате храброст да ме погледнете во очи, затоа што свесно изнесувате лаги и невистини“ му порача таа на Ковачки.