„Не дојдовме во Португалија како туристи“

by Fokus

Репрезентацијата на Македонија утре во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Селекторот Благоја Милевски е свесен за тежината на овој меч, но и за силата на противникот против кого „рисовите“ ќе се соочат.

„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа“, рече Милевски.

Поврзани новости