Пак не дојдоа сведоците на Боки 13, Панделески бил на службено патување

by fokus

Сведоците кои ги предложи обвинетиот во “Рекет”, Бојан Јовановски, не дојдоа на денешното рочиште.

Судот констатираше фека не се присутни сведоците Дејан Панделевски кој не бил пронајден на адресата, па поканата била доставена на работното место. Од тами известиле дека Панделевски е на службено патување. За вториот сведок немало уредна покана.

Следното рочиште е на 3 март и на него се поканети да сведочат Алекс Кртов, Сергеј Варошлија, Марија Јанковски, Дејан Панделевски и Лидија Јаневска.

Вчера требаше да сведочат бизнисменот, Владимир Тодоровиќ и Лидија Јаневска. Но, Тодоровиќ не дојде бидејќи бил на пат за Бугарија, а Јаневска не добила уредна покана.

Јовановски има предложено 12 сведоци кои треба да дадат исказ од наредната недела. Сега Јовановски ќе присуствува на јавна седница на Апелација на која ќе бара да му се укине притворот.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости