-Национална демократска преродба изјавува дека изборот на специјалниот обвинител е за поздравување, со надеж дека сето оваа не е нова игра, и на сметка на целата држава. Ако времето се гледа по утрово, тогаш досегашните маневри за избирање на специјалниот обвинител не оставаат простор за еден здрав почеток за изградба на правна држава када што владеењето на правото ќе биде над се. Две месечните маневри за избор на специјалниот обвинител од страна на локалните актери е доволен аргумент за меѓународниот фактор за несериозноста на овие локални актери, реагираат од НДП по постигнатиот договор за специјалниот јавен обвинител.
Според НДП, темпото на имплементација на договорот од Пржино не дава надеж дека ќе имаме целосно спроведување на договорот и додава дека ако за избор на специјалниот обвинител беа потребни цели два месеца, тогаш за десетици други недоразбирања од договорот ќе биде изгубено многу повеќе време.
-Национална демократска преродба бара нула толеранција од страна на меѓународната заедница за сите препреки за враќањето на владеењето на правото во земјата, и дека само на овој начин може да се разговара за еден здрав почеток за изградба на една правна држава, се вели во соопштението на НДП.