Народно движење за Македонија денеска реагира на одлуката на ДИК да ги отфри нивните кандидатски листи во сите изборни единици и вели дека ДИК одлучувал според логиката на политиката, а не според логиката на правото.
-Прво, не е точно дека има несовпаѓање на потписи на кандидатите. Второ, не е точно дека постои лице кое не евидентирано во Избирачкиот список. Трето, не е точно дека листите содржат поголем број на кандидати од законски утврдениот број. Четврто, не е точно дека на листите има кандидат М.Ф. со недоставено уверение за неосудуваност. Петто, не е точно дека кандидат за пратеник може да менува содржина на Уверение за неосудуваност како што бара ДИК, туку судски документи може да корегира само судот. Шесто, не е точно дека доказ за неосудуваност е доставен надвор од рокот, стои во пишаната реакцијата на НДМ.
Оваа пратија тврди и дека известувањата на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите биле пратени, како што наведува, до за нив непознатата Т.П. како наводен подносител на листите.