-Народно движење за Македонија изразува изненаденост од предлогот на премиерот Груевски за мнозински систем и бонус пратеници за победникот на изборите, поради, како што рече „таква стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, реагираат од Народно движење за Македонија (НДМ).
За НДМ, причината за (не)стабилна влада е на друга адреса, а не кај помалите партии, и оттука предлогот на Груевски за елиминирање на помалите партии всушност укажува на сериозен недостаток на неговиот демократски капацитет.
-Доколку пак, Грувски навистина е убеден дека помалите партии се пречка за стабилна влада, нека предложи законско решение со кое ќе се забранат помалите партии и во следната изборна трка нека бидат само кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се вели во соопштението од НДМ.
Тие бараат Груевски да го слушне гласот на експертската, политичката, невладините, и воопшто севкупната јавноста во земјата за една изборна единица, како што е речиси во сите европски земји.