Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на првиот квартал од 2024 година нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра (или 29,9% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%.
Во текот на првиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8.506 милиони евра, односно 58,4% од проектираниот БДП за 2024 година.
Вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 8,3 милијарди евра, од кои 7,2 милијарди евра се долг на Владата. Од оваа сума 3,1 милијарда се долг од еврообврзница, 1,35 милијарди се заеми.