Еден од најдобрите играчи на НБА тимот Филаделфија 76ерс оваа сезона, Кели Оубре доживеа страшна несреќа во близина на својот дом во Филаделфија.
Асот на НБА беше удрен од автомобил на пешачки премин и по несреќата итно беше пренесен во болница.
BREAKING: Kelly Oubre Jr. was hit by a car in Philly tonight and was taken to a local hospital for his injuries, per @wojespn.
Oh man… Get well soon. pic.twitter.com/QfJdsZkE7X
— Legion Hoops (@LegionHoops) November 12, 2023
Американските медиуми пренесуваат дека познатиот кошаркар пристигнал во локална болница во стабилна состојба. Лекарите успеале да му ги санираат повредите и моментно е на домашно лекување.
Иако се уште не се познати сите детали за инцидентот и сериозноста на повредите со кои се здобил, се шпекулира дека тој ќе отсуствува долго време.
Овој 27-годишен кошаркар имаше импресивен старт на сезоната, беше еден од најдобрите играчи на Филаделфија 76ерс. Просечно бележи по 16,3 поени и 5,1 скока по натпревар, па нема дилема дека ова ќе биде сериозен удар за тимот кој е меѓу фаворитите за шампионската титула.