НБА ја прекина сезоната откако Руди Гобер се зарази со корона вирус

by fokus

НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гобер беше позитивен на корона вирусот.

Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гобер. Французинот не беше присутен во арената.

- Advertisements -

Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97.

Поврзани новости