НБ е под ингеренција на Хари Костов, обвинителка била сменета откако го викнала Костов на распит

by fokus

Има симбиоза меѓу Народна банка и Комерцијална банка, а тоа трае со децении назад. И промовирањето на гувернери на НБРМ е под ингеренција на Хари Костов од Комерцијална банка. А без банкарски сектор, организиран криминал немате, рече мнозинскиот сопственик на пропаднатата Еуростандард банка кој обелодени извештај за пропаѓањето на банката.

На прес конференцијата и Костовски и странските експерти зборуваа дека банкарски криминал во Македонија има од 2011 година и дека на чело на оваа шема е Комерцијална банка главен извршен директор и претседател на Управниот одбор.

Слаѓана Тасева од Траспаренси интернешнл зборуваше за случајот „Банки“ и дека за оваа шема Министерството за внатрешни работи во 2011, 2012 година поднело кривична пријава за организиран криминал против 11 лица, меѓу кои и оние кои и против раководството на Комерцијална банка.

Овие кривични пријави биле распределувани од едно обвинителство во друго, за на крај обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да ја отфрли.

Зоран Тодоров од „Кубус“, компанија која била оштетена во овие шеми кажа дека обвинителката која се зафатила за овој случај од организиран била префрлена во скопското обвинителство откако го викнала Хари Костов на распит.

Поврзани новости