157
Од денеска со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши од ДУИ.
Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи Назим Буши, кој досега беше заменик министер за внатрешни работи.
По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби, Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.