Назим Буши бил во хотел во Истанбул каде едно ноќевање чинело 20 илјади евра, објави ТВ Ора

by fokus

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел, објави албанскиот телевизија „Ора њуз“, којашто емитуваше истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, а меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.

Според информациите на „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.

Во друг момент на видеото се гледа и синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки.

Телевизијата во прилогот ги поставува следните прашања:

– Може ли г. Буши треба да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра?

– Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин?

– Со кое лице патувал г. Буши во Истанбул во октомври 2020 година?

Поврзани новости