474
-Назадување на Србија е забележано само во една област – во нашиот однос кон санкциите против Руската Федерација и нашата усогласеност со надворешната политика на ЕУ. Сето тоа е точно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Србија
Тој рече дека тоа е „политичка одлука на Србија“ и дека Србија ја „плаќа цената“ за тоа.
Иако е земја кандидат за членство во ЕУ, Србија не се согласи со надворешната политика на Брисел во однос на руската инвазија на Украина и не се приклучи кон санкциите на ЕУ против Кремљ.