Навремената реакција на пазарната инспекција обезбеди правичен поврат на пари на студентка која купила неисправен лаптоп

by fokus

Студентка која купила лаптоп од наша позната трговска компанија, се соочила со низа непријатности, додека ја докаже вистината, дека компјутерот е купен неисправен, пишува интернет порталот „Скопје1“.

Имено, наместо веднаш да почне да го користи лаптопот вреден 42.000 денари, таа потрошила три месеци додека си ги добие парите назад.

Порталот „Скопје1“ пишува дека, студенката откако не успеала да најде заеднички јазик со трговската компанија, случајот го пријавила и во пазарниот инспекторат. Таа својата приказна ја објавила и на нејзиниот ФБ профил.

„Јас сум студент на ФИНКИ прва година. На 07.10.2023 моите родители ми купија нов лаптоп ‘Асус’ од 42.000 денари за учење без оперативен систем од ГТЦ Сетек, se od tehnika . По инсталирање на оперативен систем (Windows) веднаш почна да појавува дефекти, плав екран и замрзнат екран. Побаравме да ни биде заменет за нов затоа што лаптопот воопшто не беше употребуван. Од сервисот ни рекоа дека мора да биде сервисиран, но ние не прифативме затоа што лаптопот воопшто не е употребуван и е купен неисправен. Поради тоа побаравме поврат на паричните средства, но ни рекоа дека и парите нема да ни бидат вратени. На 03.11.2023 пријавивме во државен пазарен инспекторат каде што ни рекоа дека во тој случај парите треба да ни бидат вратени. По увид на инспекторот во ГТЦ СЕТЕК ни беше побаран лаптопот да го вратиме со кој што ни беше даден формулар за прием на сервис и на него беше наведено дека лаптопот има оштетувања, гребнатини и траги од абење. Побаравме од продавачот да ни покаже каде е оштетен лаптопот, но никаде не беше оштетен. Од тогаш поминаа 2 месеци и сеуште немаме никаква информација, ниту ни се вратени парите. Освен во Пазарна инспекција, се јавивме и во корупција, со што од таму не посочија да се јавиме во инспекциски совет за да го пријавиме инспекторот што го води случајот. Поднесовме претставка против инспекторот, но и од таму сеуште нема одговор“, напишала студентката.

Овој случај доби позитивна разрешница. Имено, откако случајот бил пријавен во Пазарен инспекторат, чии инспектори го следеле случајот од наложувањето да се вратат парите, па се до конечната трансакција која се случила кон крајот на декември.

По пријавата, веднаш било побарано да се вратат средствата, инспекторот имал редовна комуникација со двете странки (родителот на студентката и фирмата). Заложбите биле дотаму да таткото на студентката бил контактиран за да инспекторот се увери дека парите се вратени. Директорот Горан Трајковски за „Скопје1“ посочува дека и лично се заинтересирал за случајот. Тие по службена комуникација добиле докази дека парите за лаптопот биле уредно вратени уште минатиот месец.

Тој додава дека во пазарниот инспекторат на секоја странка и се посветува внимание и се постапува по секоја пријава односно претставка.

Поврзани новости