По поразот на мечот со Аргентина, на вчерашниот натпревар на Светското првенство во фудбал, хрватските, но дел и од светските навивачи и љубители на фудбалот се разочарани бидејќи нема да се оствари ветувањето на поранешната хрватска мисица Ивана Кнол (30).
Девојката која стана сензација на првенството со својата провокативна гардероба, и која се најде во голем број на светски медиуми како најзгодна навивачка, неодамна јавно вети дека доколку Хрватска стане светски првак, таа ќе позира гола.
Сепак, откако по вчерашниот меч на Хрватска и побегна највисоката титула, во многу медиуми се објави веста дека нема да има ништо од разголувањето на Кнол.
Инаку, таа е модел и инфлуенсерка која и за време на Светското првенство во Русија често го привлекуваше вниманието, позирајќи во провокативни изданија на трибините.
Во Катар пак, беше мета и на критики, бидејќи според тамошните закони не е дозволиво жените да се разголуваат во јавност. Дури и се објави видео на кое се гледа како обезбедувањето ја отстранува од трибините поради длабокото деколте.
Ивана е родена во Германија, а во Хрватска се преселила додека била дете. Во изминатите години таа е редовна поддршка на хрватските фудбалери за време на натпреварите.
На сегашното првенство нејзиниот број на следбеници се дуплираше и сега ја следат над милион луѓе на Инстаграм.
Вики Клинчарова