Навивачите на „Црвена ѕвезда“ со ракети за огномет се обидувале да го запалат црногорското знаме

by fokus

Навивачите на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда синоќа пред амбасадата на Црна Гора во Белград го палеа црногорското знаме. Откако илјадници „делии“ ја отпеаа српската химна „Боже правде“ следеше обид за палење на црногорското знаме со огномет.

„Делиите“ по натпреварот меѓу Црвена ѕвзеда и Баерн во спортската хала “Арена“, се упатија кон црногорската амбасада каде ги дочека друга група. По протестот навивачите мирно си заминаа од пред Амбасадата на Црна Гора во центарот на Белград.

Навивачите по натпреварот дојдоа на популарната „Кнез Михајлова“ и пред амбасадата, што се наоѓа во една повеќекатница протестираа заради носењето на Законот за слобода на вероисповедта во Црна Гора.

Притоа „делиите“ ги повикаа и другите навивачки групи да им се придружат на нов протест закажан за1 7 јануари, што дел од нив веќе го најавија.

На протестот имало полицијаци во цивилки, но не и униформирана полиција, јавија српските медиуми.

Навијачите пред амбасадата, која се наоѓа на повисоките катови од зградата, истрелале пиротехника, гаѓајќи повеќепати со ракети за огномет во знемето на Црна Гора. МИА

Поврзани новости