693
Навивачите на саудискиот клуб, Ал-Наср едвај го чекаат дебито на фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо за нивниот тим, откако во првиот меч по потпишувањето на мега-договорот од 200 милиони евра по сезона, на трибините се извикуваше неговото име и се славеше со неговото препознатливо „Сиу“.
Навивачите се нетрпеливи – во 7-мата минута при 1:0 победата над Ал-Халиџ во саботата на гостинскиот стадион „Принц Мохамед бин Фахд“ се извикуваше неговото име и се извикуваше „сиуу“ и се вееја португалски знамиња.
Со голот на Винсен Абубакар и трите поени, Ал-Наср се на првото место на табелата во Саудиската премиерлига.