Навивач од Полска се изгубил вчера во Дебар Маало додека траеше натпреварот меѓу Македонија и Полска на градскиот стадион во Скопје, во рамките на кфалификации за ЕП 2020. Полјакот беше подоцна пронајден со помош на социјалните мрежи.
„Дечки, ПОМОШ!!! Пољаков, другарчево е моментално изгубен во Д.Маало, неговите пријатели се на стадион. Нема телефон со него, ниту пак го знае името на хотелот каде што се сместени. Се е решение кога си турист и си во паника. Нит е пијан, нит е проблематичен. Ај шерувајте да ги најдеме пријателите на Christian lis!!!“, напишаа корисници на „Фејсбук“, кои сакале да му помогнат на изгубениот Полјак.
Едит на постот 😍Изгубено, најдено 😊 Дечки фала ви на сите што помогнавте, а и на остали сеирџии што го дигнаа статусов….
Publiée par Jovana Nanovski sur Vendredi 7 juin 2019
По објавување на статусот по Кристијан Лис дошле луѓе од хотелот каде бил сместен.
Претходно дента имаше масовна тепачка меѓу полски навивачи во Градски парк, која заврши со интервенција на полицијата и приведување на 223 лица.