Питер Наваро, трговски советник во Белата куќа и специјалист за Кина, смета дека Пекинг криел информации за епидемијата на корона вирус и заразени за да победи во конкурентната борба за создавање вакцина.
САД, земја која најмногу настрада од пандемијата, повеќепати бараше навремени информации за ширењето на заразата кое започна во Кина.
-Една од причините зошто не не примија и не прикажаа информации за овој вирус на почетокот е дека тие се во трка за вакцина и сметаат дека ова е едноставна конкретна борба, дека е бизнис можност, дека би можеле да ја продаваат вакцината на светот, изјави Наваро синоќа за Фокс Њуз.
-Но ние ќе ги победиме. Ќе победиме благодарејќи на лидерството на претседателот Трамп. Ќе победиме затоа што министерството за здравство и социјала веќе започна трка со учество на пет компании, изјави тој.
Советникот Наваро е еден од најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп, кој уште во јануари во меморандум пратен до Советот за национална безбедност на САД предупреди за опасноста од корона вирусот, пренесе Њујорк тајмс.