Навални сместен во најстрогиот затвор

by Fokus

Алексеј Навални, политичкиот опонент на Владимир Путин, на „Телеграм“ откри дека е префрлен во друг затвор и дека е во карантин.

Во објавата посочува дека е префрлен во затворот ИК-6, кој е максимално обезбеден, пренесува агенцијата АП. Затворот се наоѓа во селото Мелеково во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.

Затворот во кој сега се наоѓа Навални е 150 километри од строгиот руски казнено-поправен дом во градот Покрово. Таму затворениците мора да стојат со часови.

„Моето вселенско патување продолжува. Се селам од место до место. Затворен сум во најстрогиот затвор и сум во карантин“, напиша Навални, но не откри какви се условите во затворот.

 

Поврзани новости