Здравствената сосотојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални е стабилна, иако тој се уште е во кома.
Утринава тој беше префрлен од болницата во Омск, Сибир во берлинската болница „Шарит“, каде ќе го продолжи лекување.
Информацијата за неговата состојба ја сподели невладината германска организаицја, која побара Навални да биде преземен со авио-амбулатна од Сибир.
Управата на берлинската болница пак, соопшти дека лекарите на почеток треба да ја воспостават општата дијагноза, а потоа ќе се обратат до јавноста.
Соработниците и сопругата на Навални сметаат дека тој е отруен за време на летот од Томск кон Москва и поради влошување на неговата состојба авионот принудно слетал во Омск, Сибир.
Лекарите пак од сибирската болница рекоа дека не нашле наоди што укажува на труење.
Навални е жесток критичар на политиките на Владимир Путин.