566
Судот во Москва денеска го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама од особено големи размери.
Судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“.
Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“.
Тој е обвинет и за непочитување на судот, а пресудата за ова обвинение, како и казните за Навални, ќе бидат изречени подоцна.
Пресудата на Навални беше објавена на сослушувањето во поправната колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.