Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, е пренесен во болница поради можни респираторни заболувања и е тестиран на коронавирусот, пренесува „Ројтерс”.
Навални, кој издржува затворска казна, минатата недела почна и штрајк со глад, бидејќи не му била дадена соодветна медицинска нега за болките во грбот и нозете. Тој, денеска соопшти преку Инстаграм дека има треска и силна кашлица, но дека штрајкот со глад ќе го продолжи.
Навални тврдеше дека управата во затворот не му обезбедува соодветна медицинска нега, додека пак тие рекоа дека тој ги добива истите услови како и останатите затвореници.
Рускиот опозициски лидер издржува казна затвор во Владимирската област под обвиненија за проневера, но тој тврди дека случаите против него се политички мотивирани.