687
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во своето прво видеоинтервју обвини дека руските разузнавачки служби стојат зад неговото труење со нервниот агенс новичок.
Според него, причината за труењето е што властите го сметале за закана во пресрет на изборите.
-Сфатија дека пред изборите ќе имаат големи проблеми – рече тој.
Тој вели дека сè уште му се тресат рацете и оди на физикална терапија.
Руските власти ги отфрлија наводите дека се одговорни за труењето на Навални.