Навални е отпуштен од болница

by Fokus

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отпуштен од болница, соопшти денеска берлинската болница Шарите во која се лечеше откако, како што тврдат германските функционери, тој беше отруен со нервниот агенс Новичок.

Во соопштението се наведува дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат.

На Навални му се слоши за време на летот од Сибир за Москва, откако авионот принудно слета во Томск, а на 20-ти август беше префрлен на лечење во Германија.

Поврзани новости