Навални е одведен од затвор на непозната локација, тврди неговата портпаролка

by Fokus

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е изваден од затвор во близина на Москва и одведен на непозната локација, изјави денеска неговата портпаролка, цитирајќи претставник на судот.

Поддржувачите на Навални, кој беше затворен во 2021 година откако преживеа обид за атентат со труење, изразуваат тревога од почетокот на овој месец, кога последен пат беше виден критичарот на Кремљ.

Портпаролката Кира Јармиш рече дека ѝ било кажано дека Навални, кој отслужува 19-годишна затворска казна, бил отстранет од Владимирската област во близина на Москва на 11 декември, што сигнализирало потенцијален трансфер во затвор.

– Не се знае каде точно е однесен – додаде Јармиш.

– Сакам да потсетам дека адвокатите не го виделе Алексеј од 6 декември. Зошто не им беше дозволено да се сретнат со него, дали Алексеј сè уште бил во ИК-6, не знаеме – рече таа, мислејќи на затворската колонија каде што последен пат бил виден, пренесува АФП.

Поврзани новости