Навални бил отруен со новичок, потврдија лаборатории од Франција и Шведска

by fokus

Специјализирани лаборатории од Франција и Шведска потврдија дека рускиот дисидент Алексеј Навални е отруен со новичок, јави Дојче веле.

Претходно, лекарите во Берлин рекоа дека Навални е отруен со новичок, нервен агенс од времето на Советскиот сојуз, но дополнителни испитувања направија и независните лаборатории од Франција и Шведска.

-Русија ќе треба да ги објасни овие настани, изјави Стефан Зиберт, портпарол на германската влада.

Тој додаде дека примероци за тестирање се испратени и во Организацијата за превенција од хемиско оружје во Хаг.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Тој по труењето првично беше згрижен во болницата во Омск, а подоцна беше префрлен на лекување во Берлин, каде што и беше потврдено дека е отруен.

Поврзани новости