Утрово има појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку ден времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, а максималните од 5 до 12 степени.
Во Скопје, наутро ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени.
За утре се најавува облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег и особено во западните делови ќе има снежна покривка понекаде и на пониските места. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.