405
Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време.