Наумовски за „Фокус”: Доаѓањето на американскиот тим е притисок врз власта

by fokus

Доаѓањето на тимот за санкции на САД е добра вест за борбата против корупцијата, а лоша вест за власта, вели за „Фокус“ проф. Васко Наумовски, поранешен амбасадор на Македонија во САД.

Според него, доколку власта си ја врши работата како што треба – нема да има потреба од надворешни актери.

Ове може да се толкува и како своевиден притисок врз власта, и охрабрување за граѓаните, цивилното општество, медиумите отворено да пријавуваат корупција, како и охрабрување за оној дел од судството и обвинителството кои се непристрасни и професионални во своето работење, толкува Наумовски.

Највидлив показател за непристрасноста на судството и обвинителството во борбата против корупцијата, според Наумовски, е покренување обвиненија и носење на пресуди против корумпирани функционери од сегашната власт.

-На тој начин се покажува дека судиите не се плашат од власта, дека се имуни на политички притисоци и влијанија, и само така ќе се зголеми довербата на граѓаните во судството и воопшто во државата, додава тој.

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости