398
Жителите на Ѓорче Петров и попладнево протестираат пред основното училиште Мирче Ацев на местото каде вчера беше прегазено десетгодишно дете.
Тие ја поздравија одлуката на градоначалникот Александар Наумовски на спорната улица да се постави семафор, но тие сметаат дека тоа нема да биде доволно.
-Ние ќе продолжиме да протестираме се додека не се постават и лежечки полицајци, порачаа граѓаните.