Наумовски: Хумано го урбанизираме Ѓорче Петров

by fokus

Кандидатот за градоначаник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски во денешното обраќање до граѓаните порача дека и во наредните четири години ќе се гради плански.

-Во изминатите четири години посветено работевме и реализиравме над 200 проекти со кои го направивме Ѓорче Петров многу подобро место за живеење. Во претстојните 20 дена ќе ви ја презентираме нашата визија, нашите идеи, проекти и активности со кои наше Ѓорче ќе се зацврсти како урбанизирана и модерна општина со цврсто поставени темели за понатамошен одржлив економски развој. СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот за Ѓорче Петров.
Мојата програма која се темели врз основа на детална анализа на потребите на граѓаните нуди над 200 проекти кои се реални и остварливи. Во следните четири години заедно одлучуваме преку непосредна, редовна и двострана комуникација со вас граѓаните. Градиме плански и одговорно со цел хумано да го урабнизираме просторот, тврди Наумовски.

 

Поврзани новости