567
Политичкиот аналитичар и поранешен вицепремиер, Васко Наумовски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се осврна на спорот меѓу Скопје и Софија.
Коментирајќи ја моменталната ситуација во Бугарија, Наумовски рече дека потресите во владејачката коалиција се обид да се урне владата, но на крајот изрази оптимизам дека бугарската владата ќе опстои и дека има некои шанси за кревање на ветото на самитот на ЕУ овој месец.
-Верувам дека премиерот Петков ќе успее да состави ново мнозинство во парламентот, кој што има можност да направи пробив во следните неколку дена. Излегувањето на неколку пратеници од партијата на Слави Трифунов, отвора можност владта на Петков да издржи, и да се направи обид со поддршка од ЕУ да се крене ветото, рече Наумовски.