631
Заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска не се согласува со предлогот на НСДП воопшто да не се одржува учебната година 2020/2021, објави Телевизија 24.
„Кој гарантира дека наредна година нема да има Ковид-19, пак ќе бараме одложување? Тоа значи дека за 3-4 години додека трае кризава, учениците кои треба да бидат прво одделение, на 10-15 години ќе бидат првачиња?“, изјави Наумовска за ТВ24.
Таа реќе дека во моментов претставници на МОН се на усогласување на протоколите со претставници од санитарниот здравствен инспекторат и дека очекува од средината на септември децата од прво, второ и трето одделение да тргнат на настава во училиште.