Она што остава ВМРО-ДПМНЕ позади себе е пет милијарди евра долг, разорена економија и систем во кој виреат корупција и криминал, вели поранешниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов за Фокус.
Изјавата на Наумов доаѓа како реакција на објавата на порталот Курир кој ги поддржува ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ ќе наследи полн буџет од 180 милиони евра кеш за трошење, додека во 2006-та ВМРО-ДПМНЕ наследила само еден милион евра и блокирана сметка.
„Посебно министерствто за финансии знаеше да пушта вакви соопштенија во кои не верува ни фамилијата на власт. Треба да се подготват да одговараат за што и како се потрошени тие пет милијарди евра јавен долг кои треба да ги враќаат граѓаните на Македонија.
Тоа е основно непознавање на буџетот бидејќи трезорот функционира на дневна основа и има приливи и одливи и нека објасни министерството во кој подрум во министерство за финансии ги чува тие 180 милиони евра“, вели Наумов.