Одлуката да се издаде еврообврзница на износ од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз граѓаните, економијата и идните генерации, смета Кире Наумов од СДСМ.
„Само на меѓународните пазари, Никола Груевски има намера да ги задолжи граѓаните за нови 1 милијарда и 420 милиони евра!
Со најавеното издавање на еврообврзница на износ од 650 милиони евра, јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54% од БДП.
Тоа се 5 милијарди евра на грбот на идните генерации.
Криминалната власт ги крати капиталните инвестиции под изговор дека бил предизборен период, а задолжувањата неколкукратно ги зголема во изборна година.
Јасно е дека Миновски е избран да биде камиказата и да стави потпис на ова незаконско, криминално задолжување„ вели Наумов.