Наумоски ќе го враќа корзото во Ѓорче Петров

by fokus

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во идните проекти на Општината најавува и „враќање на корзото“. Поповски појаснува дека корзото ќе се протега од новиот трговски центар до поранешната кафена „Чешма“.

-Со проектот е предвидена мала чаршија со кафетерии и занаетчиски дуќани, изградба на пешачка зона во паркот, реконструкција на постојните зелени површини, а со тоа и враќање на старото корзо – изјави Наумоски за МИА.

За корзото овие денови ќе биде објавен конкурс за идејно решение.

Од идните проекти тој додава дека во план е проектирање на новата градинка во Волково, со која ќе се реши долгогодишен и горлив проблем кој со години бил занемарен.

-Во оваа фаза, бараме начини за адаптација и на други помали проекти од оваа сфера, кои дополнително ќе го ублажат проблемот – посочува тој.

 

Поврзани новости