Наум Петрески: Се направи цела приказна во 20 секунди!

by fokus

Популарниот фолк пејач Наум Петрески деновиве сними реклама за пивара, а во неа негов партнер во глума е актерот Сашко Коцев.

Интересната реклама во која две легендарни имиња од музичката и актерската сцена се појавуваат заедно веќе се врти во етерот, а Петрески за ,,Фокус” вели дека и покрај тоа што многумина по промоцијата на видеото го запрашале дали планира да влегува во актерските води, нема намера да менува професија.

-Идејата за сценариото на спотот е на луѓето од маркетинг одделот на пиварата. Тие ја избраа и песната. Кога ме прашуваат за актерство, можам само да кажам дека не ми паѓа на памет да сменам професија на 55 годишна возраст, односно по 35 години дружење со песната – појаснува музичарот.

За дружбата со Сашко Коцев за време на снимањето, раскажува дека поминала во весела атмосфера, и потенцира дека воопшто не е лесно да се направи цела приказна во само 20 или 30 секунди.

-Сашко е професионалец од највисоко ниво! Со него се е лесно. Има позитивен дух за сто луѓе, и умее најчудните моменти да ги претвори во ведри, сите да ги насмее.

Многу беше пријатно да се снима со него, а секако и пофалби до целата екипа која стрпливо и студиозно си ја одработи својата работа, бидејќи воопшто не е лесно да направиш цела приказна за 20 или 30 секунди. За почит е професионалноста и посветеноста – вели Петрески.

Изминатиот период тој е доста активен со своите настапи низ локали во земјава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости